Казнети 222 возачи во Скопје
Мерки се изречени на 32 лица за возење без возачка дозвола, 24 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 86 мерки за непрописно паркирани возила – велат од МВР.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 222 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 24 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 86 мерки за непрописно паркирани возила – велат од МВР.
Оттаму истакнуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, па поради тоа апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.