Казнет возачот на бентлито кој плашеше луѓе на плоштадот, Шилегов го објави записникот (ФОТО)
„Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните“, се вели во соопштението.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани.
„Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните“, се вели во соопштението.
И градоначалникот на Скопје Петре Шилегов го објави записникот за сторениот сообраќаен прекршок кој се однесува на возачот.
„Во Скопје никој не е и никогаш нема да биде над законот! Благодарност до МВР и министерот Оливер Спасовски за брзата реакција. На сопственикот на бентлито кое вечерва се движеше на градскиот плоштад му е врачен записник за сторениот сообраќаен прекршок“, напиша градоначалникот.
Плусинфо претходно ја објави видео снимката на која се гледа како возач на автомобил бентли со голема брзина влетува на плоштадот во Скопје, а уплашените минувачи бегаат за да не бидат прегазени.