КАЗНЕТ Е ВОЗАЧОТ ШТО СО АУДИ ВОЗЕШЕ ПО ТРОТОАР КАЈ БИТ ПАЗАР Полицијата го пронајде откако снимка од настанот се прошири на социјалните мрежи

На 31 март 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје бидејќи со патничко возило „ауди“, со скопски регистарски таблички, на 28 март 2025 година се движел по тротоар и по зелена површина на бул. Гоце Делчев, кај Бит Пазар во Скопје, и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците, информираа МВР.

272

Полицијата денеска го пронашла, извршила службен разговор и го санкционирала возачот кој на 28 март возел со автомобил по тротоар на булевар Гоце Делчев во Скопје и им ја загрозил безбедноста на пешаците.

„На 31 март 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје бидејќи со патничко возило ‘ауди’, со скопски регистарски таблички, на 28 март 2025 година се движел по тротоар и по зелена површина на бул. Гоце Делчев, кај Бит Пазар во Скопје, и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците“, информира МВР.






Оттаму додаваат дека снимка од настанот била споделена и на социјалните мрежи.

Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани содржини