Поротата во Њујорк утврди дека поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, пред 27 години сексуално ја нападнал колумнистката за совети Елизабет Џин Керол (79) во стоковна куќа во Њујорк.
Пресудата првпат го обележа поранешниот американски претседател како сексуален предатор. Но, бидејќи тоа е резултат на граѓанска, а не кривична постапка, единствената правна санкција со која ќе се соочи Трамп е финансиската.
Керол, исто така, го тужеше Трамп за клевета поради неговата изјава од 2022 година со која тој ги негираше нејзините изјави дека ја силувал. Поротата утврди дека Трамп треба да плати околу два милиони долари отштета на Керол.
Исто така, поротата го прогласи Трамп за одговорен за клевета и тој е должен да и плати три милиони долари и за тоа.
Вкупната сума што Трамп треба да ја плати на писателката Керол е пет милиони долари.