Казнет бар во Грција со 20.000 евра, организирале забава за 1.000 луѓе

208

Поради организирана забава без да се почитуваат мерките за растојание и дозволениот број гости, уште едно кафуле во Грција е казнето со 20.000 евра и двомесечна забрана за работа, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за бар, што работи и како ноќен клуб, а во средата, според грчките медиуми, на забавата имало 1.000 лица.






Градоначалникот на атинската општина во која се наоѓа конкретното кафуле, преку неговиот „Фејсбук“ профил ги повика сите да ги почитуваат правилата и здравјето на граѓаните, да нудат забава, но без да ги надминуваат границите.

– Ги поддржуваме кафулињата и сакаме да бидат отворени и за да се забавува народот и за да се задржат работните места. Но, и кафулињата треба самите да си помогнат, да го почитуваат општеството во целина и јавното здравје – напиша градоначалникот на општина Алимос, Андреас Кондилис.

Ова е втор случај да се изрече строга казна за кафуле во Грција, откако минатат седмица, со 20.000 евра и двомесечно затворање беше казнет бич бар на Миконос.

Поврзани содржини