КАЗНА ЗА УГОСТИТЕЛ ОД 300.000 ДЕНАРИ Организирана свадба со 150 гости без протоколи
При контрола од Државниот пазарен инспекторат во ресторанот било утврдено дека спротивно на протоколот за работа на угостителските објекти, во две целосно затворени сали на ресторанот се организирале прослави и се послужувале гости.
Против едно физичко и едно правно лице Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против сопственик на ресторан бидејќи органзирал свадба и прослава во затворен простор без протоколи.
– Обвинетото правно лице – ресторан и неговиот управител на 18.08.2020 година не постапиле согласно прописите со кои беа определени мерки за превенција и заштита на населението од заразни болести. При контрола од Државниот пазарен инспекторат во ресторанот било утврдено дека спротивно на протоколот за работа на угостителските објекти, во две целосно затворени сали на ресторанот се организирале прослави и се послужувале гости. Во едната сала била организирана свадба со околу 150 лица, а во другата – прослава со околу 20 лица. Со ова правното лице го сторило кривичното дело од став 2, а физичкото лице од став 1 на наведениот член од Кривичниот законик – велат од обвинителството.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за издавање казнен налог со кој предложи на обвинетиот управител да му биде определена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност, додека правното лице да биде казнето со парична казна од 300.000 денари.