Казна од 2.000 евра за 11 делчевци: Не почитувале полициски час и самоизолација

И четворица гостиварци не постапувале по здравствени прописи. Двајца од нив, во одделни случаи, вчера послужувале гости седнати на маси во внатрешноста на нивните кафеани.

573

Единаесет лица ќе бидат казнети во Делчево. Седум поради прекршување на полицискиот час, четворица поради прекршување на самоизолација.

„Седум лица се обвинети за сторено кривично дело – Непостапување по здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата. Четворица се обвинети за истото кривично дело бидејќи не ги почитувале наредбите за спроведување задолжителна самоизолација. За време на периодот од 14 дена во кој не требало да ги напуштаат своите престојувалишта, обвинетите не биле пронајдени при вршење на контрола“, соопшти ОЈО.






За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.​​

И четворица гостиварци не постапувале по здравствени прописи. Двајца од нив, во одделни случаи, вчера послужувале гости седнати на маси во внатрешноста на нивните кафеани.

Поврзани содржини