КАЗНА ДО 500 ЕВРА ЗА УПОТРЕБА НА ПЕТАРДИ И ДРУГА ПИРОТЕХНИКА Полицијата ќе ги казнува и трговците со пиротехнички материјали
МВР спроведува превентивна кампања пред празниците.
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека и годинава спроведува превентивна кампања со цел да им укаже на граѓаните за несаканите последици од употреба на петардите и другите пиротехнички средства, пред и за време на новогодишните и божинните празници.
Како што соопштија оттаму, полицијата ќе казнува.
„Според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно членот 31, е предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните. Истовремено, директната продажба и тргувањето со петарди и пиротехника се казнува според Кривичниот законик. Во неговиот член 396 се предвидени затворски казни од 3 до 10 години за недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи “, информираат од МВР.