Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија, членка на Групацијата Новоматик во Македонија додели донација со дезинфекциски средства во износ од 20.000 на ЈЗУ Општа Болница во Гевгелија, како дел од хуманитарната кампања за потпомагање на здравствените институции кои се вклучени во борбата против вирусот ковид-19.
– Оваа пандемија сосема го измени начинот на живот во целиот свет и ги преполни болниците со пациенти кои се борат за својот живот. Фактот дека никој не е поштеден, дека овој вирус не распознава нација, вера, пол и други определби ни покажа дека слогата е единственото нешто кое ќе ни помогне во овие тешки денови. Токму затоа компанијата Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија, претходно донираше и болнички кревети, во износ од 20.000 евра во оваа болница или вкупно 40.000 евра во неопходна медицинска опрема – велат од компанијата.
Водени од својата општествена одговорност и можноста да се помогне на заедницата Казино „Фламинго“ Хотел Гевгелија заедно со останатите членки на групацијата Новоматик и АПЕКС Македонија, овој месец ќе реализираат донации во здравствените институции кои имаат ковид-19 центри во вкупен износ од 200.000 евра.