КАЖЕТЕ „ТЕ САКАМ“ СО ВНИМАНИЕ Валентајн водич за подароци од dm

Без разлика дали станува збор за долгогодишна љубов или за нова приказна што штотуку започнува, вистинскиот подарок е оној што носи чувство, грижа и искрена емоција. Токму затоа, dm подготви инспиративен gift guide кој го олеснува изборот и нуди идеи што совршено се вклопуваат во секојдневието

65

Валентајн не е само ден за подароци, туку потсетник дека вниманието, нежноста и малите знаци на љубов имаат голема вредност.

Без разлика дали станува збор за долгогодишна љубов или за нова приказна што штотуку започнува, вистинскиот подарок е оној што носи чувство, грижа и искрена емоција. Токму затоа, dm подготви инспиративен gift guide кој го олеснува изборот и нуди идеи што совршено се вклопуваат во секојдневието – подароци кои не се само убави, туку и практични, мирисливи и со негувачко дејство.






Со внимателно одбрани сетови и производи, Валентајн станува можност да подарите момент за себе, доза самодоверба или мал ритуал што ќе се повторува секој ден.

За неа – мирисливи моменти и време за себе

За неа, Валентајн е идеален повод за подарок што ќе ја потсети колку е важно да ужива во малите, секојдневни моменти.

Пакетот La Rive Queen of Life обединува парфемна вода и гел за туширање во хармонична целина што нуди целосно мирисливо доживување. Цветно-овошната композиција се отвора со свежи и радосни ноти, а постепено се развива во топол и нежен мирис кој остава впечаток на женственост и самодоверба.

Тоа е подарок што не е само мирис, туку чувство – инспирација да се почувствува како „кралица на својот ден“.

Совршеното надополнување на овој ритуал е кремастиот гел за туширање Cashmere од брендот Ziaja. Благодарение на протеините од кашмир, тој нежно ја чисти кожата без да ја исуши, создавајќи богата, луксузна пена. Сензуалниот мирис на иланг-иланг, мошус, ванила и кедар ги буди сетилата и го претвора секое туширање во момент на релаксација, додека кожата останува мека, мазна и негувана.

За секојдневна доза позитивна енергија, Tom Tailor Happy To Be парфемот е мал, но впечатлив подарок. Неговата ведра и разиграна композиција со овошни и нежни цветни ноти носи чувство на леснотија и радост. Топлата, блага база му дава балансиран карактер, а практичното пакување го прави совршен избор за секојдневна употреба и носење во чанта.

За него – свежина, самодоверба и практична нега

Кога станува збор за подарок за него, изборот треба да биде едноставен, но со јасен карактер. Bugatti Dynamic Move Amber тоалетната вода носи ароматична композиција што започнува со зачинети ноти на цимет, продолжува со суптилни цветно-зелени акорди и завршува со топли, машки ноти на тутун и кедрово дрво. Овој мирис остава силен и долготраен впечаток, симболизирајќи самодоверба и енергија.

За оние кои сакаат практични решенија, Nivea MEN Deep Care сетот со торбичка е подарок што навистина се користи. Комплетот содржи сè што е потребно за секојдневна грижа – од темелно чистење и удобно бричење, до брза хидратација и долготрајна свежина. Формулите се дизајнирани за ефикасна нега, а практичната торбичка го прави сетот идеален и за дома и за патување.

За освежувачки и лесен мирисен избор, Antonio Banderas Mediterráneo тоалетната вода внесува медитеранска свежина во секој ден. Комбинацијата од бергамот, морски ноти и топол амбер создава пријатен и ненаметлив мирис, погоден за секојдневна употреба и за мажи кои сакаат чисти, свежи и енергични композиции.

Овој Валентајн, подарете нешто што ќе се користи, ќе се почувствува и ќе потсетува. Во dm ве очекуваат внимателно одбрани подароци со секогаш поволни цени затоа што љубовта најубаво се изразува преку внимание и грижа.

 

Поврзани содржини