Кавгата заврши, Ибрахимовиќ на 39 години се враќа во репрезентацијата
Во 2016 година, Ибрахимовиќ престана да игра за репрезентацијата на Шведска, чиј најдобар стрелец е на сите времиња со 62 погодоци на 116 натпревари.
Селекторот на шведската фудбалска репрезентација, Јане Андерсон (58) разговараше со Златан Ибрахимовиќ за можно враќање во националниот тим, објавија во петокот италијанските медиуми.
– Откако Ибрахимовиќ ја објави можноста дека би сакал повторно да игра за националниот тим, решив да се сретнам со него во првата прилика и да разговарам за тоа. Бев во четвртокот во Милано и можам да кажам дека состанокот се одвиваше во позитивна атмосфера и се согласивме да ќе го продолжиме дијалогот во наредните месеци – изјави Андерсон за шведскиот интернет портал „Svenskfotboll“.
Во 2016 година, Ибрахимовиќ престана да игра за репрезентацијата на Шведска, чиј најдобар стрелец е на сите времиња со 62 погодоци на 116 натпревари.
Ибрахимовиќ иако има 39 години, игра одлично во дресот на Милан, кој по осум кола го држи првото место во италијанскиот шампионат, а шведскиот голгетер е најдобар стрелец во лигата со десет погодоци.