КАВГА И ТЕПАЧКА ВО КИСЕЛА ВОДА Скопјанец ја нападнал сосетката, а неговата сопруга им се пуштила на полицајците
Насилните сорпужници се приведени во полициската станица во Кисела Вода.
Двајца сопружници од Скопје се приведени во Полициската станица во Кисела Вода по соседска расправија што завршила со физичка пресметка. 47-годишниот маж физички ја нападнал сосетката, а неговата 35-годишна сопруга се однесувала агресивно кон полициските службеници.
„Денеска (19.04.2024) во 01.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле Б.М.(47) и С.М.(35), двајцата од Скопје. Б.М. се сомничи дека физички ја нападнал сосетката М.П.Б.(35) од Скопје, а потоа неговата сопруга С.М. агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“ – стои во известувањето од МВР.