Кавга и пукање на Матка, нема повредени ВИДЕО
Настанот се случил околу 15 часот во кањонот Матка, кога М.С. со уште неколку лица физички ги нападнал А.С. и А.С, а во расправијата бил испукан и истрел од огнено оружје, информираше МВР.
Викотници и турканици помеѓу две групи на луѓе, како и еден истрел од пиштол попладнево ги вознемири посетителите на Матка во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму велат дека настанот се случил околу 15 часот во кањонот Матка, кога М.С. со уште неколку лица физички ги нападнал А.С. и А.С, а во расправијата бил испукан и истрел од огнено оружје.
„Расправијата настанала во врска со движењето на чамците за туристи во правец кон пештерата. Повредени нема пријавено досега. Се работи за расчистување на случајот“, соопштија од МВР за Плусинфо.
На социјалните мрежи се појави и видео снимка од моментот кога бил испукан истрелот. Видеото го објави Марјан Стаменковски.