КАВАДАРЦИ МОЛ И РАБОТА БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА Митко Јанчев ги сподели своите планови со угостителите
Тој се сретна и со претставници на Здружението на телесни инвалиди Мобилност, заедно со носителот на листата д-р Стојанче Рамов имаа средба и со Здружението на спортски инвалиди, Здружението на слепи лица и Здружението на лица со оштетен слух, глас и говор.
Градоначалникот Митко Јанчев во рамки на кампањата за локалните избори оствари средба и со угостителите од Кавадарци.
– На наше огромно задоволство на состанокот присуствуваат голем број од угостителите. Со нив разговаравме за новиот трговски центар Кавадарци мол, за пешачката зона на улиата Илинденска и си посакавме што поскоро да можат да работат без никакви ограничувања.Кавадарци за сите угостители. Број 7 за сите! – порача Јанчев.
Тој се сретна и со претставници на Здружението на телесни инвалиди Мобилност, заедно со носителот на листата д-р Стојанче Рамов имаа средба и со Здружението на спортски инвалиди, Здружението на слепи лица и Здружението на лица со оштетен слух, глас и говор.
– Досега направивме многу за нивно нормално функционирање во општеството. Во наредниот мандат ќе ги елиминираме сите пречки со кои се соочуваат. Кавадарци за сите! – порача градоначалникот.