КАВАДАРЦИ КАКО БРОНКС Предозиран кавадарчанец паднал во бесознание во дворот на дилерот
Дилерот бил лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
40-годишник од Кавадарци бил пронајден во бесознание затруен од наркотички средства. Тој бил најден во дворот на друг кавадарчанец кај кого подоцна е извршен претрес и пронајдена дрога.
„На 19.04.2024 во 12.00 часот во ОВР Kавадарци, од Итна медицинска помош Кавадарци било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од Кавадарди во безсознание бил пронајден Б.О.(40) од Кавадарци, кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ – стои во билтенот на МВР.