КАВАДАРЧАНЕЦ ПУКАЛ КОН СОСЕДИТЕ СО ПИШТОЛ НА ДИЈАБОЛИ Лицето е приведено, пиштолот и дијаболите се одземени
Синоќа во 19.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.М.(42) од Кавадарци, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Тој се сомничи дека околу 19.00 часот од терасата од својот дом со воздушен пиштол ‘колт’ испукал неколку дијаболи кон патот и кон терасата на негов сосед од Кавадарци. Лицето било приведено во полициска станица, а пиштолот и дијаболите му биле одземени. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.