КАВАДАРЧАНЕЦ ЈА СЛЕДЕЛ СОПРУГАТА СО ГПС Ја нападнал, ѝ се заканувал со нож, полицијата му забрани да ѝ се приближува
Локаторот е одземен, а на М.Б. му била изречена мерка - забрана за приближување, соопшти полицијата.
Каадарчанка го пријавила сопругот М.Б. во полиција за физички напад, закана со остар предмет и за поставување ГПС локатор во нејзиното возило, соопшти полицијата.
Локаторот е одземен, а на М.Б. му била изречена мерка – забрана за приближување.
„Во ОВР Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., 35-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга, дека во семејниот дом, физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет, како и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор“, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.