КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО ГЕРМАНИЈА НАСКОРО ОДИ НА СУД? Пронајдени се докази за непримерно однесување на дел од свештенството
Внатрешната истрага на Католичката црква во германските бискупии, пронајде докази за 42 случаи во кои верските водачи се однесувале непримерно.
Обвинителството во Минхен истражува 42 случаи на недолично однесување на првите луѓе Католичка црква во Германија во односите со децата, се вели во новиот извештај за злоупотреба во надбискупиите во Минхен и во Фрисинг.
Портпаролката на канцеларијата Ен Леидинг за ДПА потврди дека истрагата е во тек. Таа објави дека адвокатската канцеларија „Westpfahl Spilker Wastl“ (WSW), која го подготви извештајот во име на надбискупијата, доставила 41 случај до канцеларијата на јавното обвинителство во август 2021 година и уште еден во ноември 2021 година.
-Тие исклучиво се однесуваат на црковните службеници кои сè уште се живи и се дадени во строго анонимен формат – рече таа.
Доколку по оваа основа „се појават сомнежи во врска со потенцијално криминално однесување на одговорните црковни водачи“, рече таа, релевантните документи ќе бидат побарани од адвокатската канцеларија и доколку е потребно ќе бидат доставени до релевантните јавни обвинителства.
-Кои норми се прекршени според кривичното право сè уште се истражува – додаде таа.