Катица Јанева ќе бара да ѝ се одложи затворската казна и ќе се жали во Стразбур
Законот дозволува од оправдани причини тие да бараат одложување. Инаку ,осудени се во домашен притвор, за случајот Рекет.
Катица Јанева ќе бара да не оди вo затвор веднаш. Издржувањето на затворската казна во траење од седум години ќе сака да го одложи најверојатно поради здравствени причини.
Адвокатката на поранешната специјалната обвинителка Ирена Фрчовска во изјава за Телма вели дека ќе поднесат и вонреден правен лек до Врховниот суд, но ако не успеат тука ќе се жалат и во Стразбур пред меѓународниот суд за човекови права.
Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда за Јанева и за Бојан Јовановски вчера.
Законот дозволува од оправдани причини тие да бараат одложување. Инаку двајцата осудени се во домашен притвор, за случајот Рекет. Јанева е осудена за злоупотреба на службената положба како јавен обвинител, а Боки 13 за рекет и перење пари.