🎥 КАТАРИНА ИВАНОВСКА СЕ ПРОСТИ ОД ВАЛЕНТИНО Последниот император – Валентино Гаравани

Нашата позната манекенка и модел со интернационална кариера, Катарина Ивановска, беше меѓу привилегираните што ги носеше креациите на Валентино на светските модни писти.

1

Викендов осамна веста дека почина последниот крал на италијанската мода и последниот член на „светото тројство“ Версаче, Армани, и тој, Валентино Гаравани.

Нашата позната убавица со интернационална кариера како манекенка и модел, Катарина Ивановска, беше меѓу привилегираните што ги носеше неговите креации на пистите низ модните метрополи.






Да се биде дел од модната романтика на Валентино е вистинска чест! Ревиите и едиторијалите за Валентино  кои ги имаше во екот на својата кариера, стојат во портфолиото на Катарина.

Од своите почетоци во Рим кон крајот на педесеттите години, Валентино остана постојана референца за убавина, моќ и софистицираност.

Неговото име е постојан синоним за романтика, луксуз и прецизност, а неговата етикета беше посакувана од принцези, филмски диви и сите жени кои ја гледаат модата како израз на сопствениот идентитет, како свое второ јас.

Еден од најдолговечните и највлијателни креатори, вечен љубител на убавината, верен на ерата и начинот на живот „долче вита“ до последниот час!

Поврзани содржини