Катар слави во чест на независноста: Амбасадата во Скопје ги прикажува убавините на најбогатата држава во светот и стадионите за Мундијалот ВИДЕО

Амбасадата на Катар, на овој значен ден потсетува дека од воспоставувањето билатерални односи со Република Северна Македонија во 1996 година, двете земји ја зголемија соработката на различни нивоа. Потпишани се, како што велат, голем број договори и меморандуми за разбирање и соработка за промовирање и заштита на инвестициите, за одбегнување на двојно оданочување и  зајакнување на билатералните трговски, економски, културни, политички, научни и развојни врски покрај технолошката соработка и размената на искуства. 

591

Државата Катар, 18 декември го слави како свој Национален ден, а во чест на пристапувањето на шеикот Џасим бин Мохамед бин Тани на власт кој успеал  да ја обедини својата татковина во 1878 година, да ги постави темелите на својата модерна држава и да го претвори Катар во единствена, сплотена и независна држава.

Поради ситуацијата со ковид-19 оваа година нема да се обележи празникот со физичко присуство, но како алтернатива, амбасадата на Катар во Скопје, нуди низ фотографии и видео, сопственост на тамошното Министерството за надворешни работи, да се доживее прославата со огномет на Националнио ден во Доха, гланиот град на Катар.






Националниот ден, велат од катарската амбасада, ја слави припадноста и лојалноста кон татковината, и ја прикажува солидарноста, единството и гордоста кон националниот идентитет на државата Катар.   

Амбасадата на Катар, на овој значен ден потсетува дека од воспоставувањето билатерални односи со Република Северна Македонија во 1996 година, двете земји ја зголемија соработката на различни нивоа. Потпишани се, како што велат, голем број договори и меморандуми за разбирање и соработка за промовирање и заштита на инвестициите, за одбегнување на двојно оданочување и  зајакнување на билатералните трговски, економски, културни, политички, научни и развојни врски покрај технолошката соработка и размената на искуства. 

Катар, поседува една од најсилните економии рангирајќи се на врвот на најбогатите земји во светот.  Тоа му овозможува на Катар да ги прошири своите развојни планови и инвестициски потенцијали во индустриските и економските домени  и во научно истражувачки дејности како во земјата, така и во странствоВисоките приходи во оваа држава се користат во масовни развојни мега проекти, од инфраструктура до поддршка на индустријата, странски инвестиции и приватен сектор.

Туризмот во Катар се смета за силен придонесувач во економијата и претставува вистинска манифестација на модернизацијата на државата. Во спортот изобилуваат разни меѓународни настани, од трки со коњи и камили до брзо возење со чамци и бродови. 

Познато е дека Катар ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал 2022, а воедно и прва арапска земја што го организира настанот. По тој повод од Aмбасадата на Катар во Скопје ни приложија фотографии од стадионите кои земјата ги гради за потребите на Mундијалот. Еден од нив, Ал Вакрах, стадионот кој има капацитет од 40.000 гледачи восхитува со својот футуристички изглед, а другите може да ги погледнете на следниот линк

 

 

 

 

 

Поврзани содржини