Катанец на модуларната болница во Скопје – нема пациенти или нема кадар?

3,244

Модуларната болница во Скопје се затвори по само два месеци работа. Неофицијално, причина е немањето кадар и услови. Официјално, нема пациенти, објави Телма.

Болницата ги прими првите пациенти во средината на октомври и за кратко време беше исполнет капацитетот од 75 места. Требаше да ја заштити Инфективната клиника од преоптовареност, но сепак, два месеца подоцна, најголемиот товар продолжи да биде врз оваа клиника и ковид центрите во останатите клиники.






Таму во последните 24 часа се хоспитализирани 52 пациенти, а вкупно се лекуваaт 345 болни од ковид-19.

Поврзани содржини