КАСТРИРАНИ НИЛСКИТЕ КОЊИ НА ПАБЛО ЕСКОБАР Неконтролирано се размножувале

Иако сите други животни биле продадени на зоолошки градини по смртта на Ескобар, на ранчот, кој во меѓувреме станал тематски парк, останале да талкаат еден мажјак и една женка нилски коњ. Се сметало дека тие се многу тешки да бидат префрлени па биле оставени, сè додека не се открило дека денес вкупно се намножиле на 80 нилски коњи.

996

Дваесет и четири од 80 нилски коњи кои шетаат по поранешниот ранч на колумбискиот крал за дрога, Пабло Ескобар, се стерилизирани поради „неконтролираното“ ширење на инвазивниот вид, пишува Индекс. Озлогласениот Ескобар купил неколку егзотични животни за својот ранч, вклучувајќи фламинга, жирафи, зебри и кенгури, токму пред да биде убиен од полицијата во 1993 година.

Иако сите други животни биле продадени на зоолошки градини по смртта на Ескобар, на ранчот, кој во меѓувреме станал тематски парк, останале да талкаат еден мажјак и една женка нилски коњ. Се сметало дека тие се многу тешки да бидат префрлени па биле оставени, сè додека не се открило дека денес вкупно се намножиле на 80 нилски коњи.






Мажјаците, кои броеле 24 од 80-те коњи биле успиени со стрела, а потоа го примиле лекот „ГонаКон“, се вели во билтенот на регионалната еколошка организација Корнаре.

– Тоа е контрацепција што е ефикасна и за мажи и за жени и е поевтина од хируршката стерилизација-наведува Корнаре и додава:

– Сепак, тоа е комплицирано затоа што експертите сугерираат да се дадат три дози.

Експертите веруваат дека стадото нилски коњи на имотот на Ескобар е најголемо надвор од Африка. Тие се одговорни и за „промена на екосистемот“ и напади врз локални рибари.

– Присуството на овие животни во парк кој не е нивниот природен екосистем има последици како што е поместување на локалната фауна – рече Дејвид Ешевери, експерт од Корнареа.

Ескобар, според Форбс, бил еден од најбогатите луѓе во светот, а своето богатство го стекнал преку трговија со кокаин. Речиси триесет години по неговата смрт, Колумбија сè уште е најголемиот производител на кокаин во светот, а повеќето од дрогата се шверцува во САД.

Поврзани содржини