КАСТРИОТ РЕЏЕПИ Е ВО БУГАРИЈА? Милошоски тврди дека пишман-пратеникот на Беса пишува статуси на Фејсбук од странство
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вели дека само премиерот Зоран Заев, ДУИ и самиот Кастриот Реџепи знаат дали тој е однесен, пренесен, превезен, натоварен, убеден или присилен да не го даде својот глас за пад на власта.
Пратеникот на Беса, кој се попишмани и одлучи да не гласа за недоверба на владата, наводно се наоѓа во Бугарија, бидејќи од таму е логиран на социјалната мрежа Фејсбук, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Тој вели дека само премиерот Зоран Заев, ДУИ и самиот Реџепи знаат дали тој е однесен, пренесен, превезен, натоварен, убеден или присилен да не го даде својот глас за пад на власта.
„Заев има пари и фирми и имот во Бугарија. Кастриот Реџепи е логиран на Фејсбук во Бугарија. Дали е однесен, пренесен, превезан, натоварен, убеден, уценет или присилен, знаат само Заев, ДУИ и тој“, напиша Милошоски, и објави фотографија на која се гледа дека пратеникот на Беса, наводно, се логирал на Фејсбук од Бугарија.