КАСТРИОТ РЕЏЕПИ ЧИТАШЕ НАПИШАНА ИЗЈАВА, А ВО ПОЗАДИНА БЕЛ ЅИД Мицкоски вели дека такви работи се случуваат само во Македонија и во Боливија
Такви изјави се снимаат во земји како Боливија кога јасно се знае дека некој пратеник или политичар е уценет и киднапиран од одредена политичка структура. Згрозен сум од тоа што се случи во четвртокот. Тоа е грубо нарушување и прекршување на демократијата во земјата, односно уште еден доказ за хибридниот режим кој речиси пет години владее во Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот Кастриот Реџепи беше наместен пред бел ѕид и му беше даден подготвен текст кој требаше да го прочита за да ја увери јавноста дека тој не бил спречен од власта на Зоран Заев да дојде на седницата на која требаше да се гласа недоверба на владата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното издание на емисијата „Топ тема“.
Тој истакна дека таквиот чин уште еднаш го потврдил тоталитарниот режим кој владее во земјава и со кој Заев сака да продолжи да владее.
– Такви изјави се снимаат во земји како Боливија кога јасно се знае дека некој пратеник или политичар е уценет и киднапиран од одредена политичка структура. Згрозен сум од тоа што се случи во четвртокот. Тоа е грубо нарушување и прекршување на демократијата во земјата, односно уште еден доказ за хибридниот режим кој речиси пет години владее во Македонија. Не само што го погази сопствениот збор, пратеникот Кастриот Реџепи го погази и зб орот на политичката партија Беса, која за разлика од него на денот на гласањето пристигна во Собранието. Крајно несериозно е по 24 часа од исчезнувањето на Реџепи, тој да излезе со видео-порака на која јасно се гледа дека не ги искажува своите ставови, туку чита нешто што му било дадено за да се појави пред јавноста – рече Мицкоски.
Мицкоски вели дека во Република Македонија не смеат да се случуваат вакви работи како во четвртокот, бидејќи ваквите појави во политиката само зборуваат за несериозноста на државата на патот кон ЕУ.
– Ова не се вредностите кои треба да ја красат Република Македонија и не се вредностите врз кои треба да се темели иднината на државата – заврши Мицкоски.