КАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА ЈА ПОДДРЖА ГАЛИЧКА СВАДБА Заложба за зачувување на културата и на корените

Годинашни младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски, продолжувачи на наследството на старо галичко семејство.

27

Kасинос Австрија Интернешанал Македонија годинава ја поддржа Галичка свадба – културно богатство кое ја чува душата на македонскиот народ.

Од 11 до 13 јули, во срцето на мијачкиот крај, повторно одекнуваа зурли и тапани. Галичник ја раскажа својата свадбарска приказна – исполнета со љубов, обичаи и гордост. Секоја година на Петровден, Галичник оживува. Со оригинални ритуали, народни носии и вековни обичаи, Галичка свадба сведочи за едно време, една љубов, една истрајна традиција.






Годинашни младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски, продолжувачи на наследството на старо галичко семејство.

– Нашата поддршка не е само гест, туку заложба за зачувување на идентитетот, културата и корените. Културните вредности се темел на здраво општество и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме – велат од Касинос Австрија.

 

Поврзани содржини