КАСИНОС АВСТРИЈА Е СПОНЗОР НА ОДБОЈКАРСКИ КЛУБ Младите таленти од „Македонија Џио Струмица“ се силно мотивирани за успех

Претседателот на одбојкарскиот клуб „Македонија Џио Струмица“, Ѓорѓи Ѓоргиев, изрази огромна благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за поддршката со која ќе може да се изградат здрави млади луѓе кои го сакаат и негуваат спортот.

71

Видеолотарија Касинос Австрија е нов спонзор на одбојкарскиот клуб „Македонија Џио Струмица“ со што покажа дека во континуитет ги препознава и поддржува младите таленти за спорт, во рамки на својата визија за модерна и општествено одговорна компанија.

– Уште една спортска приказна добива поддршка за успех. Видеолотарија Касинос Австрија во рамки на својата визија – верен пријател на спортот, обезбеди спонзорство за одбојкарскиот клуб „Македонија Џио Струмица“. Со оваа поддршка, сакаме да придонесеме младите одбојкари да тренираат и да ги развиваат своите спортски вештини. Средствата од ова спонзорство ќе им овозможат да ги реализираат зацртаните цели од клубот, успешно да се претстават на натпреварувањата во првата државна лига, како и во државните лиги за млади категории и конкуренции во пионерска, кадетска и во младинска конкуренција – велат од Видеолотарија.






Претседателот на одбојкарскиот клуб „Македонија Џио Струмица“, Ѓорѓи Ѓоргиев, изрази огромна благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за поддршката со која ќе може да се изградат здрави млади луѓе кои го сакаат и негуваат спортот. Тој додаде дека членовите на клубот се пресреќни и силно мотивирани за успех.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење за правилно развивање на младите луѓе.

– Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицината. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари – додаваат од Видеолотарија Касинос Австрија.

Поврзани содржини