📷🎥 КАСАНДРА МУ ФРЛИЛА ОКО НА МИЛОШ БИКОВИЌ Еве како изгледа денес омилената актерка од популарната теленовела

Актерката од Венецуела која се прослави во деведесетите години со улогата на Касандра во мегапопуларната теленовела,признава дека би сакала да снима филм со популарниот српски актер Милош Биковиќ.

5,309

Кораима Торес, популарната актерка од Венецуела, позната по улогата на прочуената Касандра во омилената теленовела во 90-те години, денес има 51 година, но сè уште држи добра форма. За српските медиуми таа открива дека многу вежба за да ја одржи линијата и ужива во песните на Цеца Ражнатовиќ.

Таа признава и дека би сакала да сними филм со српскиот актер Милош Биковиќ, пишува српски Информер.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)

Познатата Касандра се присетила на нејзината посета на Србија. Како што вели, од тој момент почнала да ја слуша српската музика и да гледа српски филмови.

– Навистина би го сакалa тоа, сонувам да дојдам повторно во Србија! Бев многу среќна додека бев во Србија, тоа ми е еден од најдрагите спомени во мојот живот. Луѓето беа љубезни, внимателни и полни со поддршка. Ја ценам љубовта која во деведесеттите години ја добив од вас, ја чувам во срцето и до ден-денес – рекла Кораима Торес.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)

Популарната Касандра изразила желба еден ден да снима филм со српскиот актер Милош Биковиќ.

– Секако дека сум слушнала за Биковиќ, би сакала да снимам филм со него! – рекла популарната актерка.

 

Поврзани содржини