КАСАМИ ЗА ТЕТОВО, БАКИУ ЗА СКОПЈЕ, МЕЏИТИ ЗА ЧАИР Вреди ќе настапи со познати имиња на локалните избори

497

Централното претседателство на Вреди одржа состанок и, меѓу другото, ги разгледа кандидатурите за претстојните локални избори, информираше партијата.

„По овој повод, претседателството на Вреди заклучи дека примарна цел на овој субјект останува да предложи најприфатливи кандидати за граѓаните, градоначалници кои ќе им служат на нивните локални интереси. Врз основа на ова, претседателството на Вреди ја одобри оваа листа на кандидати за градоначалници“, се вели во соопштението.






–          Во Тетово, кандидат на Вреди ќе биде актуелниот градоначалник, Билал Касами.

–          Во Чаир, ќе се кандидира првиот вицепремиер, Изет Меџити.

–          Во Струга, Вреди го поддржува независниот кандидат Менди Ќира.

–          Во Кичево ќе го кандидира министерот за Социјална политика, Фатмир Лимани.

–          Во Дебар, кандидат на Вреди ќе биде заменик-директорот на Управата за јавни приходи, Фисник Мела.

–          Во Градот Скопје, Вреди го предлага директорот на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe, Башким Бакиу.

–          Во Сарај, кандидат на Вреди ќе биде директорот на претпријатието „Номагас”, Мухамед Елмази.

–          Во Липково, Вреди го кандидира директорот на Државните резерви на нафта, Неџмедин Садику.

–          Во Арачиново Вреди ќе настапи со Даут Беќири.

–          Во Желино ќе продолжиме со актуелниот градоначалник на оваа општина, Блерим Сејдиу.

–          Во Теарце ќе се кандидира директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши.

–          Во Боговиње, Вреди го кандидира Фети Абази.

–          Во Брвеница, Вреди го кандидира директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Хаќим Рамадани.

–          Во Долнени, Вреди ќе се кандидира со наставникот Блерим Ислами од село Црнилиште.

„Во оваа прилика, ве известуваме дека сè уште нема конечна одлука за кандидатите за општините Гостивар, Врапчиште, Студеничани и Чашка. Во разговори сме со неколку кандидати и потенцијални, секогаш обидувајќи се да понудиме најдобри имиња за овие општини. Тука нагласуваме дека сите овие се кандидати на Вреди и, како што претходно одлучивме, ниту еден од нив не се кандидира под партиско лого. Всушност, освен што се кандидати на Вреди и идни градоначалници на општини, тие ќе бидат слуги на сите граѓани без оглед на етничката, религиозната и политичката припадност“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини