Касами потврди дека Беса ќе раководи со министерството за земјоделство

1,529

Лидерот на Движењето Беса Билал Касами вечерва по состанокот на СДСМ со коалициските партии од коалицијата „Можеме“ потврди дека  при поделбата на владиниот колач го добиле ресорот земјоделие. Тој не откри дали генералниот секретар Аријанит Хоџа ќе биде министер за земјоделие и рече дека за тоа ќе одлучува Централниот совет на Беса.

– Движењето Беса ќе има важна улога во владеачкото мнозинсртво, ќе го водиме ресорот земјоделие и ќе имаме и заменици министри и директори. Вечерва ќе се одлучува кој ќе биде министер за заемјоделие. Одлуката ќе ја донесе Централниот совет на партијата – изјави Касами.

Поврзани содржини