КАСАМИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ОД СДСМ Лидерот на Беса во Тетово ќе бие битка со Теута Арифи
Имаме предизборна коалиција и тие гласачи веќе гласаа за мене како носител на пратеничка листа на ланските избори, рече лидерот на Биљал Касами, кој во вториот круг на локалните избори ќе се натпреварува со Теута Арифи од ДУИ за градоначалник на Тетово.
Oчекувам гласачите на СДСМ да ме поддржат, зашто имаме предизборна коалиција и тие гласачи веќе гласаа за мене како носител на пратеничка листа на ланските избори, рече лидерот Биљал Касами, кој во вториот круг на локалните избори ќе се натпреварува со Теута Арифи од ДУИ за градоначалник на Тетово.
– Иако од многу постапки на функционери на ДУИ не сме задоволни, имаме стабилна коалиција на централно ниво, бидејќи задоволни сме од генералната ориентација во владата за продолжување на европскиот процес – рече Касами на Телма.
Тој во изборната битка очекува фер игра од коалициските партнери.