Касами најави реорганизација на Беса, следната недела на агендата директорските места

1,091

Претседателот на Беса Билал Касами денеска на прес-конференција најави реорганизација на партиските органи на сите нивоа и конгрес на партијата наредната година. Централното претседателство на денешната седница одлучило партијата да се реорганизира и за таа цел ќе бидат формирани експертски групи кои ќе работат на статутарни промени и осовременување на партијата.

Касами, кој е партнер во новата владина коалиција, одби да каже за кои директорски места преговара, посочувајќи дека тоа најверојатно ќе се знае следната недела.






За собраниските комисии, тој кажа дека се партиите, вклучувајќи ја и опозицијата се уште се договараат во врска со тоа каде ќе имаат претседател на комисија.

 

Поврзани содржини