Носителот на листата на коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Движењето Беса, во шестатат изборна единицам Билал Касами, оствари средби со жителите на Тетово од централното градско подрачје или популарната „Улица на бутици“, каде вообичаено во четврток се одвива и пазарен ден. Главната порака беше дека политичката програма на Движењето Беса ќе воведе состојба на ред, правда и дисциплина.
– Сега со поддршка на граѓаните, во овој мандат ќе работиме да ги отворима сите 80 поглавја од преговирите за членство во ЕУ. Така, не само формално и реално ќе се подобри животот на граѓаните. Ќе се зголеми просечната плата, поддршка на малите бизниси, подобрување во образованието, инфраструктурата. Реално ќе се обидеме на крајот од мандатот животот да биде приближно како во земјите членки на ЕУ – истакна Билал Касами.
Касами, активносите из Тетово ги реализира заедно со останатите кандидати за пратеници Хатије Етеми, Абдуш Демири, Фатлинда Јаја и Аднан Азизи.