Касами: Ќе ја почитуваме забраната за собири
Беса ќе користи алтернативни методи за да воспостави комуникација со гласачите во предизборниот период.
Лидерот на Беса, Биљал Касами, по средбата во владата изјави дека неговата партија ќе ги почитува мерките на владата и Светската здравствена организација во врска со заштитата од коронавирус, во пресрет на предизборната кампања.
– Во овој период од 14 дена, до 24 март, ќе ја почитуваме забраната за собири. Се надеваме дека оваа состојба нема да доведе до ситуација за одложување на изборите – рече Касами.
Беса ќе користи алтернативни методи за да воспостави комуникација со гласачите во предизборниот период.