КАРВАНОТ „РАМО ДО РАМО“ ВО БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН Европската иднина е новата државна и национална победа

474

Политиките на СДСМ, економскиот социјалдемократски модел и јакнењето меѓународната позиција на земјава, донесоа најголеми досега, рекордни странски инвестиции од 753 милиони евра во кризна година, нови и добро платени работни места, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на маалска средба во Кочани во рамки на теренските активности на партијата „Рамо до рамо, до победа“.

– Она што особено охрабрува е што инвеститорите коишто доаѓаа во земјава остануваат и го прошируваат својот бизнис. Таков е примерот и во Кочани, „Амфенол технлоџи“ гради нова фабрика на 3.500 квадратни метри, каде ќе се вработат уште стотина луѓе од овој град и од овој крај – рече Лукаревска и нагласи дека СДСМ го цениме и вреднува трудот на работниците, додека ВМРО-ДПМНЕ ги сметаше за евтина работна рака и затоа минималната плата во тоа време беше едвај 9.000 денари, а сега е околу 20.000 денари.






Во Берово Оливер Спасовски порача дека за СДСМ граѓаните и унапредувањето на нивниот животен стандард се врвни приоритети и тоа го покажува секојдневно на дело.

Во Пехчево, пак, меѓу граѓаните беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски, кои пред присутните истакнаа дека СДСМ како одговорна партија вложува во секоја општина, во секое населено место, за да се унапреди квалитетот на живот на сите граѓани.

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, беше на маалска средба во Штип, од каде што порача дека како народ и како држава мора да опстоиме на европскиот пат, затоа што тој е најдобар за опстанок и напредок на нашата земја.

– Не е тоа само гола вистина. Не е само да дојдеме до Европа. Ние сме живееле и во други услови, знаеме и за братство и единство и за почитување меѓу себе и меѓу конфенсионално, знаеме и за стандарди. Многу е важно да успееме да ги отвориме европските фондови, да ги задржиме младите луѓе овде, да имаме за кого да работиме. А она што е многу важно, да ги донесеме европските стандарди на живеење тука во европска Македонија.

Зечевиќ додаде дека добро е што ВМРО-ДПМНЕ го копира и го следи СДСМ и тргна на терен, бидејќи, како што рече, се надева дека ќе научат и ќе разберат дека и тие ја имаат одговорноста за иднината на земјата.

Во Делчево на средби со граѓани беа Славица Грковска и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, кои порачаа дека СДММ и СДСМ заеднички реализираат мерки во интерес на младите.

Поврзани содржини