КАРТИЧКИТЕ МОЖЕ ДА ГИ НАДОПОЛНИТЕ ОНЛАЈН Нова опција за патниците на ЈСП
Отсега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети или со пари, директно преку нашата официјална веб страна, без чекање, без редици и без одење до продажно место, соопшти ЈСП Скопје.
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје воведе можност патниците да ги надополнуваат своите картички онлајн.
„Одлична новина на skopjebus.mk, надополни картичка онлајн – брзо и лесно. Отсега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети или со пари, директно преку нашата официјална веб страна, без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Со новата функционалност добивате брза постапка во неколку едноставни чекори. Нема редици и нема потреба од физичко присуство, а услугата е достапна од телефон или од компјутер“, соопшти ЈСП.
Од претпријатието објаснуваат како да се надополни картичката.
„Влезете на skopjebus.mk и изберете „Надополни картичка“. Внесете ги потребните податоци за картичката. Одберете дали сакате билети или износ. Потврдете и завршете ја постапката. Пробајте ја новата функционалност тука“, соопшти ЈСП Скопје.