КАРТЕЛСКОТО ЗДРУЖУВАЊЕ ЛАНИ ЈА ЧИНЕШЕ ТРГОВИЈАТА ОКОЛУ 863.000 ЕВРА Комисијата за заштита на конкуренцијата не дозволува незаконско работење
Казните, како што се наведува во соопштението, имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила.
Во текот на 2025 година изречени се казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555 денари (околу 863.000 евра), информираат денеска од Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Со изречените санкции, како што посочуваат од Комисијата, се испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да бидат толерирани.
Казните, како што се наведува во соопштението, имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила.
Комисијата најави дека ќе продолжи со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.