КАРПОВ Е ВО КОМА Светскиот шампион во шах има тешки повреди на главата

1,461

Поранешниот светски шампион во шах Анатолиј Карпов е тешко повреден и се наоѓа во вештачка кома, објави Telegram каналот 112, а ја пренесоа бројни медиуми во Русија.

Рускиот велемајстор Анатолиј Карпов е хоспитализиран во Москва со сериозна повреда на главата и во моментот е на одделение за интензивна нега.






Брзата помош наводно го однела во болница, кога бил во несвест и во алкохолизирана состојба.

Според извештаите, по прегледот лекарите констатирале затворена краниоцеребрална повреда и скршеница на левата бутна коска.

Поврзани содржини