Јорда Манасиеска, одделенска медицинска сестра од Одделот за респираторни инфективни болести во состав на Инфективната клиника во Скопјее прогласена за заслужен граѓанин на Опш тина Карпош за 2020 година.
„Оваа година, локалната самоуправа номинираше личност кој навидум е анонимна за пошироката јавност, но Јорда е на фронтот за борба против вирусот ковид–19 уште од самиот почеток на пандемијата. Таа е една од многуте здравствени работници, кои се жртвуваат за јавното здравје и колективитетот. Родена е на 16. април 1962 година, во с.Битуше, општина Маврово – Ростуша, а долги години е жителка на населбата Карпош 1. Дипломира на Високата медицинска школа на Медицинскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што се здобива со звање – дипломирана медицинска сестра. Професионалната кариера ја започнува во 1982 година, на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, каде што непрекинато работи 38 години. Од 2007 година е назначена за одделенска сестра на Одделот за респираторни инфекции и исипни болести“, информира општината.
Преку номинацијата на Јорда, од таму се заблагодаруваат до медицинскиот персонал: доктори, медицински сестри, болничари, хигиеничари, сите „дискретни“ херои кои изминативе месеци ревносно и беспоштедно спасуваат човечки животи.
Наградата на одделенската медицинска сестра, Јорда Манасиеска ќе биде врачена на 03. ноември – Денот на Општина Карпош.