КАРПОШ „ПРСКА“ ПРОТИВ ЗМИИ Средството е поставено околу основните училишта и околу градинките

1,705

Во тек е акција на службите на општина Карпош за поставување „репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змии.

Стручните лица го поставија ова наменско средство околу основните училишта и детските градинки на територија на локалната самоуправа.






Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи. Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација.

Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина.

📽 СМОК ОД МЕТРО ИПОЛ СЕ ШЕТА НИЗ ПАРКОТ КАЈ ВЕРО-ТАФТАЛИЏЕ! Змијата ги исплаши жителите, надлежни – нема

 

Поврзани содржини