„КАРПОШ ПЛАН“ ЌЕ ИМ ДОНЕСЕ МИР НА ГРАЃАНИТЕ Ќе престане бетонизацијата и урбаното дивеење, порачува Лукровски

Во Карпош имаме два фронта, фронт на потрошени играчи, непринципиелни коалиции, кој ги распродаде парковите на Карпош и добитничката опција која ќе ја врати довербата на граѓаните, вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски.

617

Во Карпош има два фронта, едниот е фронтот на потрошени играчи, непринципиелни коалиции и опција која ќе ја врати довербата во граѓаните, вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски.

– Водам со 1.530, мислам, гласови пред човекот кој во четири мандата бил градоначалник на општина Карпош, тоа зборува дека луѓето препознаваат во мене човек кој ќе внесе една новина, кој ќе донесе еден нов концепт, нови практики. Во Карпош имаме два фронта, фронт на потрошени играчи, фронт на непринципиелни коалиции, фронт кој не му мисли добро на граѓанинот, кој сите овие години ги распродаде парковите на Карпош. Од другата страна е една опција, која е во моментов добитничка, кон која јас верувам дека ќе се приклучат сите граѓани и ќе направиме една опција која ќе ја врати довербата на граѓаните – рече Лукровски во гостување на телевизијата Алфа.






Лукровски објасни дека работата на сегашниот градоначалник не се чувствува во ниеден сегмент.

– Господинот Јакимовски е 4 мандата. Колку партии, колку функции, колку сојузи има направено за да остане на власт, 30 и повеќе години е човекот на државна функција. Во последниве 4 години, ние не ја чувствуваме работата на општината, на општинските тела, на комуналните служби, во кој било сегмент. Сотир нема да им донесе згради во парковите на соседите. Со моето избирање за градоначалник ќе престане целата бетонизација и урбаното дивеење во Карпош. Бројките зборуваат, сите граѓани кои му мислат добро на Карпош, ќе ја дадат поддршката за оваа опција – вели Лукровски.

Тој најави дека ќе се формира јавно претпријатие, „Карпош план“, кое ќе биде под целосна контрола на Општината и на граѓаните, со цел Карпош да биде граден плански, во интерес на граѓаните.

– Тоа ми е најголема заложба, „Карпош план“ ќе им донесе мир на граѓаните. Да биде гарант на нашите заложби Карпош да биде граден плански, Карпош граден таму каде што треба. Таму каде што има простор за зеленило, каде што има простор за градинки, каде што има простор за училишта, за паркинзи, не во Карпош 4, не во Карпош 3, не згради во Влае, домување да, меѓутоа не згради. „Карпош план“ може да функционира, не само во делот донесување ДУП-ови итн., ќе ни помогне во легализацијата, имаме проблем со легализациите, по 15 години луѓе чекаат за легализации, се менуваат генерации, значи стареат луѓе со проблемот на легализацијата. Така што верувам и ќе направиме моќно претпријатие „Карпош план“ – порача Лукровски.

Со почит,

Поврзани содржини