КАРПОШ И ЦЕНТАР УТРЕ БЕЗ СТРУЈА Еве кои улици ќе бидат исклучени
Од 8 до 14.30 часот, без струја ќе останат делови од булевар Партизански одреди, од раскрсница со улицата Ленинова кон раскрсница со булеварот Климент Охридски, дел од улиците Наум Наумовски Борче и Пиринска.
Без електрична енергија утре ќе останат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Како што појаснуваат, добиено е известување од ЕВН, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ (Stop & Go) во Момин Поток, општина Карпош.
Додека во општина Центар, од 8 до 14.30 часот, без струја ќе останат делови од булевар Партизански одреди, од раскрсница со улицата Ленинова кон раскрсница со булеварот Климент Охридски, дел од улиците Наум Наумовски Борче и Пиринска.