„КАРПОШ ФИТ“ Весковски соопшти дел од програмата за младите во Карпош

Кандидатот за градоначалник информира и дека клучен проект за реализација на политиката за поддршка на спортот и спортските активности е обновувањето на спортската сала „Партизан“.

221

Кандидартот за градоначалник на коалицијата на СДСМ за општина Карпош Душко Весковски го промовира делот од програмата „Карпош ФИТ“посветена на младите  која ќе нуди спортски активности и нутриционистички совети.

– Нашата политика е обезбедување континуитет на постојните програми за поддршка на училишниот спорт во општинските основни училишта и нивно проширување со вклучување нови спортски дисциплини, со цел да придонесеме за здрав и правилен раст и развој на младите генерации. Покрај програмата за поддршка на велосипедизмот, преку обезбедување субвенции за набавка на велосипеди, во првата година од мандатот воспоставуваме нова програма – Карпош ФИТ, за поддршка на рекреацијата,
која ќе вклучува професионални инструктори и нутриционисти- рече Весковски.






Тој информира и дека клучен проект за реализација на политиката за поддршка на спортот и спортските активности е обновувањето на спортската сала „Партизан“, во чиј состав ќе се изгради базен, наменет за учениците од основните училишта, како дел од наставата по физичко и здравствено образование. Проектот ќе биде спроведен во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Поврзани содржини