Карпош ќе додели субвенции за 150 велосипеди

184

Заврши јавниот повик за субвенционирање на нови велосипеди. Исцрпени се средствата од 500.000 денари, кои ќе се доделат по принципот „прв дојден, прв услужен“, информира Општина Карпош.

– Оваа година, субвенција за велосипед ќе добијат околу 150 граѓани. Локалната самоуправа покрива дел од трошоците, во износ од 30 отсто од сумата на велосипедот, но најмногу до 3.000 денари. Од оваа година, граѓаните за прв пат имаа можност да аплицираат по електронски пат, преку мобилната апликација за iOS и Android, „мЗаедница“.  По дигитален пат пристигнаа 130 барања, а преку архива беа примени 50 барања. Граѓаните дополнително ќе добијат решение за доделување на средства – велат од Општината.

 

 

Поврзани содржини