КАРПОШ ЌЕ БИДЕ ПАМЕТНА ОПШТИНА Весковски ја промовираше дигиталната програма

Нашата политика во наредните четири години е развој на „Паметна општина“ преку дигитализација, односно употреба на ИКТ, што придонесува за зголемување на оперативната ефикасност, рече Весковски.

335

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Душко Весковски денеска промовираше проект за паметна општина со зголемена интеракција со граѓаните.

– Нашата политика во наредните четири години е развој на „Паметна општина“ преку дигитализација, односно употреба на ИКТ, што придонесува за зголемување на оперативната ефикасност, споделувањето и разменувањето информации со јавноста и го унапредува квалитетот на општинските јавни услуги и благосостојбата на граѓаните – рече тој.






Реализацијата на оваа политика вклучува поголема партиципативност на граѓаните во планирањето и креирањето на буџетот на Општината, поголема контрола на буџетските трошоци и нивно намалување, подобрување на услугите и интеракцијата со граѓаните, ефикасно планирање и одржување на инфраструктурата, како и ефикасно и подобро управување и наплата на даноците.

Поврзани содржини