КАРПОШ ЌЕ БИДЕ ОПШТИНА ЗА ПРИМЕР Весковски ќе им ја врати гордоста на карпошани

Карпош ќе биде општина за пример, уште подобро место за живеење, за нас, за нашите деца и за идните генерации и сите да се гордееме што сме карпошани, рече Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ.

280

Ни претстои многу работа, треба да вложиме заеднички труд за да го направиме најдоброто за Карпош, рече Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ.

Тој на вчерашната граѓанска трибина во спортската сала „Борис Трајковски“ истакна дека е чест и задоволство да се биде кандидат за градоначалник на Карпош, па како што порача, ќе направи карпошани да се гордеат со својата општина.






– Карпош ќе биде општина за пример, уште подобро место за живеење, за нас, за нашите деца и за идните генерации и сите да се гордееме што сме карпошани. Во тоа ќе успееме со реализација на програмата која заеднички ја креиравме. Драги мои карпошанки и карпошани, драги мои соседи, другари, пријатели, за да го
реализираме сето ова, ве повикувам сите заедно и обединети, масовно да излеземе на 17 октомври и да го заокружиме редниот број 12, да го избереме најдоброто за Капрош и за Скопје. На 17 октомври, СДСМ победува во Карпош, СДСМ победува во Скопје – посочи Душко Весковски.

Поврзани содржини