„Карпа“ и целото семејство се бореле со коронавирусот ВИДЕО

561

Актерот Двејн Џонсон (48), познат како „Карпата“, призна дека тој, сопругата Лорен (35) и ќерките Јасмин (4) и Тијана (2) го преболеле коронавирусот. Тој вели дека ги испочитувале сите пропишани мерки, но сепак успеале да се заразат, што ги изненадило.

– Позитивните тестови беа вистински удар. Сега завршивме со тоа и веќе не сме заразени. Му благодарам на Господ, здрави сме – рекол Двејн во видеото што го објави на Инстаграм.






Тие дознале за позитивниот тест пред две и пол недели, а се заразиле од блиски семејни пријатели, кои дури и не знаеле дека имаат коронавирус.

– Можам да ви кажам дека ова беше една од најпредизвикувачките и најтешките работи низ кои моравме да поминеме како семејство – рекол Џонсон.

Тој вели дека коронавирусот е многу поразличен од другите болести.

– Мојот приоритет отсекогаш бил да го заштитам моето семејство. Благодарни сме што сме здрави сега, иако не секогаш луѓето се излекуваат. Ме збунува тоа што некои луѓе, вклучително и политичарите, ќе ја прифатат идејата да носат маска и ќе ја направат дел од политичката агенда. Тоа нема никаква врска со политиката. Носете ја вашата маска. Тоа е факт и вистинската работа што треба да ја направите – вели актерот.

FOTO: Instagram

Поврзани содржини