КАРОЛИНА ЗЛОУПОТРЕБЕНА Нејзина слика објавена на лажна наградна игра
„Лажен профил и лажна наградна игра!“, напиша Каролина во описот на фотографијата што ја сподели на инстаграм-стори, обелоденувајќи дека е жртва на сајбер злоупотреба.
Пејачката Каролина Гочева соопшти дека нејзина фотографија била злоупотребена во наградна игра.
Таа неодамна на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во празничен амбиент наздравувајќи со чапа вино за остварените соништа и за новите надежи.
Оваа фотографија ја злоупотебиле измамници кои ја искористиле без дозвола за маркетинг цели.
„Лажен профил и лажна наградна игра!“, напиша Каролина во описот на фотографијата што ја сподели на инстаграм-стори, обелоденувајќи дека е жртва на сајбер злоупотреба.
Пејачката не даде повеќе детали, само ја предупреди јавноста, пријателите и обожавателите да го пријават лажниот профил. Кусо по нејзината објава, го снемало и лажниот профил со наградната игра.