КАРОЛИНА И КИРЕ БИЛЕ ШКОЛСКИ ДРУГАРИ Се гледаме на следна годишнина од матурска!

Кире, честитки за сѐ што си постигнал до сега, се радувавме на сите твои успеси и ги чувствуваме како свои, напиша Каролина на Инстаграм.

2,537

Пејачката Каролина Гочева објави дека познатиот ракометар Кире Лазаорв, кој деновиве ја промовираше својата автобиографија „Секогаш на победа“ во Скопје, ѝ е школски другар.

„Пред неколку дена, мојот школски другар Кирил Лазаров ја промовираше својата автобиографија во која раскажува за својот пат од самите почетоци на неговата блескава кариера…
Кире, честитки за сѐ што си постигнал до сега, се радувавме на сите твои успеси и ги чувствуваме како свои…
Поздрав и до нашите поранешни соученици од IV6, гимназија ‘Јосип Броз Тито’ од Битола, генерација- ‘како да беше вчера’. Се гледаме на следна годишнина од матурска!“, напиша Гочева на нејзиниот профил на Инстаграм.






Српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Балкан-Хандбал“, му помогна на најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите Лазаров, да ја раскаже својата животна приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Поврзани содржини