Познатата пејачка Каролина Гочева веќе неколку дена ужива на одморот, а на радост на обожавателите, речиси секојдневно објавува фотографии покажувајќи ја својата убавина, но и прекрасниот амбиент каде престојува.
На една од фотографиите, Каролина позира во црно бикини, во море, а многумина се согласија дека пејачката има совршено тело и линија.
Покрај фотографијата на која Каролина ужива во зајдисонцето, таа напиша:
„Најубавиот дел од денот.“
Најновата објава од Каролина ги воодушеви нејзините следбеници, а комплиментите се нижат во коментари.
ФОТО: Инстаграм